Контрола во 308 угостителски објекти, пронајдена дрога, затекнати малолетници

Три лица се приведени во акциска контрола во 308 угостителски објекти во периодот од полноќ до 4 часот на територија на Македонија. Од МВР информираат дека приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога.

Полицијата во Куманово утрово ги привела М.Д. (22) од Куманово и С.Т. (30) од Гевгелија затоа што кај нив биле пронајдени амфетамин и кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол, соопшти МВР.

При контрола во угостителски објект во Тетово приведен бил Х.С. (28) од село Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе