Локални избори

Кинење на ливчиња, сликање, тепачки - инциденти по избирачки места пријавени во МВР

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во село Октиси, струшко К.С. (67) од селото го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во полицијата во Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во село Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во Тетово бил приведен Н.С. ( 62) од гостиварско Речане, поради сомневање дека учествувал во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија", каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот.

Во Гостивал бил приведен З.А. (36) затоа што на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе