Казни за 169 учесници во сообраќајот во Скопје

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден при акциска контрола на МВР, изречени се 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас...

„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе