При сообраќајна контрола во Скопје

Казнети 44 возачи и сопатници за неносење маска во возило

Сообраќајната полицијата казни 44 лица кои немале заштитна маска на лицето во возило, за кои според личните документи е утврдено дека не живеат на иста адреса, односно не се исто семејство кое живее заедно. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак".

За неносење на заштитна маска во возило изречени се 44 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да зголеми безбедноста во сообраќајот.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе