Казнети 349 возачи за брзо возење, во Скопје радарот „фати“ 52 возачи

За време на вчерашните радарски контроли на патиштата и улиците низ Македонија сообраќајната полиција изрече казни за 349 возачи, од нив 52 казни се напишани на територијата на Скопје. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место.

На територијата на Скопје се изречени вкупно 176 санкции за различни прекршоци. Освен за брзо возење, казенти се 11 лица кои возеле без возачка дозвола, шест возачи се казнети за зборување на мобилен телефон, шест за нерегистрирани или технички неисправни возила, а осум возачи затоа што поминале на црвено светло.

Казнети се и шест мотоциклисти, како и 15 пешаци за минување на улица надвор од пешачки премин или на црвено светло за пешаците.

Засилените акциски контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе