Сообраќаен битлен за Скопје

Казнети 26 лица поради неносење маска во возило

Сообраќајната полиција казни 26 лица поради неносење на заштитна маска во возило, во случаи кога лицата што се наоѓаат во возилото немаат иста адреса на живеење. Голем е и бројот на возачи казнети поради брзо возење и возење на нерегистрирани возила.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење,17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и два мотоциклисти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе