Казнети 23 возачи во Скопје кои возеле под дејство на алкохол

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден изрече 23 прекршочни казни за возачи кај кои било утврдено дека возеле под дејство на алкохол. За време на акциската сообраќајна контрола вкупно се изречени 161 казна за различни прекршоци.

Казнети се 22 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за користење на мобилен телефон, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, како и осум санкции за минување на црвено светло.

Од МВР предупредуваат дека и во наредниот период продолжуваат со засилените акциски контроли во сообраќајот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе