Казнети 19 моторџии во Скопје

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казни 144 учесници во сообраќајот, од кои на 19 моторџии им биле изречени прекршочни казни.

Казнети се и 15 возачи кои зборувале на мобилен телефон, како и девет лица кои возеле без возачка дозвола.

„Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување“, велат од МВР и потсетуваат дека секојдневно спроведуваат акциски контроли во сообраќајот и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе