Казнети 153 возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции.

Како што соопштува МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за нерегистрирани возила, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…

Засилените акциски контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе