Казнети 11 возила за јавен превоз поради неисправност на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани се 11 технички неисправни возила (пет во Тетово и шест во Гостивар), од кои шест возила (ТЕ-4 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, три (ГВ) биле со неизвршен технички преглед, едно (ТЕ) со неисправен уред и едно возило (ГВ) не поседувало потребна опрема.

Во контролата, соопштија денеска од МВР, биле констатирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-6) кои, исто така, биле заокружени со поднесоци и кои ќе се соочат со адекватни парични глоби.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе