Кај струмичанец во автомобилот и во домот пронајдени пакувања кокаин

Синоќа, малку пред полноќ, полицијата го уапси 47-годишниот А.И. од околината на Струмица во чиј автомобил се пронајдени пакувања со кокаин, а потоа и во неговиот дом е пронајдена оваа дрога.

„При преглед кај него и во неговото возило 'шевролет', како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе