JO: Турски државјанин осомничен за криумчарење на 13,3 килограми злато

Основното јавно обвинителство Куманово по поднесена кривична пријава донесе наредба за спроведување истрага против турски државјанин со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со вчерашната заплена на 13,3 килограми злато на граничниот премин Табановце.

 

Осомничениот 55-годишник бил корисник на старосна пензија во Турција, а во земјава бил ангажиран со договор на дело како возач на автобус на превозник од Скопје. На 7 август осомничениот управувал со автобус на редовна линија Пореч (Хрватска) – Гостивар. На граничниот премин Табановце, преку царинска линија, при влез во земјава, се обидел да ја избегне царинската контрола и пренел непријавена стока од големи размери – златен накит, часовници и златни плочки во вкупна вредност од 36.305.644,81 денари.

Пратката со златни предмети претходно ја зел од хрватски државјанин и ја скрил во делот каде што се наоѓа вентилацијата на автобусот. При контрола од овластени царински службеници таму биле пронајдени 18 пакувања во кои имало 97 златни прстени, 39 златни огрлици, 133 златни нараквици, 4 парчиња нараквици со полускапоцени камења, 5 парчиња сини златни нараквици, 8 парчиња жолти златни нараквици, 5 парчиња гумени нараквици со златни плочки, 5 парчиња часовници златни без механизми и нивни делови, 33 парчиња златни приврзоци, 91 парчиња златни обетки, 23 парчиња златни монети, 48 парчиња златен кршен накит, 73 парчиња златни плочки во правоаголна и друга форма и 3 пакети злато во гранули. Златните предмети биле со вкупна тежина од 13,3 килограми.

Основно јавно обвинителство Куманово до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да избега, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода, соопшти Јавното обвинителство.

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе