Изгубил контрола, удрил во столб и паднал од камионот во бездна

Вчера околу 6 часот на влезот во Велес, на 250 метри пред кружниот тек, Ј.Р.(23) од кавадаречкото село Марена, , управувајќи камион сканија и приколка шмиц, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над камионот.

Камионот почнал да се лизга по коловозот и удрил во бетонски столб, по што застанал.

Во тој момент Ј.Р. паднал од камионот во бездна. Од екипа на Итна медициснка помош  Ј.Р.  бил пренесен во Општа болница Велес, каде во 7.20 часот била констатирана смрт. Кај сопатникот Н.К. (27) од с.Чифлик, Демир Капија, не се констатирани повреди . 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе