Изгореа пет автомобили во Скопје

Вчера во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила.

Четири паркирани на ул.„Гоце Стојчевски" и едно паркирано на ул.„Лазо Москов", и тоа „фолксваген голф", „рено меган", „рено твинго", „ауди", сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес" со англиска национална ознака.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе