Пожар во скопската населба Циглана

Изгореа 11 куќи, но за среќа нема повредени лица

Единаесет куќи изгореле во пожар кој синоќа по полноќ пламнал во скопската населба Циглана, но за среќа немало повредени граѓани.

Како што информираа од полицијата, пожарот пламнал околу 2 часот по полноќ и ги зафатил трошните куќи во ромската населба. Освен материјалната штета, нема повредени граѓани. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото и заедно со жителите се справувале со огнената стихија се до 5 часот утрото кога пожарот бил локализира.

Полицијата ги утврдува причините за пожарот.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе