Итал со 222 км на час, но не му избега на полицискиот радар

МВР во денешниот билтен сподели фотографија направена од екранот на полициски радар на која се гледа возило кое во тој момент се движело со брзина од 222 километри на час, што е за ококу 100 километри на час повеќе од дозволената брзина на автопатот. За брзо возење вчера биле казнети 430 возачи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на акциските контроли спроведени низ целата држава за брзо возење биле казнети 430 возачи, од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 232 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 198 надвор од населено место.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе