Истражна постапка и притвор за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 48–годишен гостиварец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „разбојничка кражба", а Основниот суд Гостивар му изрече притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, осомничениот делото го сторил на 30.11.2020 година, околу 13:30 часот во село Речане, кога бил затечен во кражба и со употреба на опасно оружје – нож, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно лице.

Тој ја прескокнал оградата и ја обил влезната врата на куќата на оштетениот. Започнал да претура по предметите, по што одзел една моторна пила и тргнал да ја напушти куќата. Кај влезната врата бил спречен од страна на оштетениот кој за таа намена поставил пластична столица на влезот. Откако осомничениот увидел дека не може да излезе, извадил нож со дрвена рачка и должина на сечилото од 30 сантиметри и почнал да се заканува на оштетениот, по што со едната рака го турнал оштетениот и побегнал, информира ОЈО.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе