Гостиварец ограбен на Камени мост, сакал да помогне, па го ограбиле

Вчера во полициската станица Центар 41-годишниот И.Ч. од Гостивар пријавил дека на Камени мост непознато лице му извршило тешка кражба на дрзок начин и му украло пари.

„Имено тешката кражба на дрзок начин била извршена на тој начин што откако пријавителот го извадил паричникот со цел да му даде пари на лице што било на Камени мост и имало некаков проблем, кон него се доближиле неколку непознати лица и едно од нив насилно му ги одзело парите, по што го напуштиле местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе