Во голема полициска акција која почнала утрово и е во тек на повеќе локации во Скопско, меѓу кои, Арачиново, Нерези, Радуша и други, запленети се кокаин и марихуана, а се апсат и наркодилери организирани во криминални групи, потврдуваат од МВР, но повеќе детали за акцијата најавуваат по завршувањето.
Според неофицијални информации, МВР има информации за локации, магацини и разни работилници каде се врши преработка и трговија со кокаин и марихуана. Претрес се врши во повеќе објекти, а според индициите кои ги има полицијата, станува збор и за групи кои дрогата ја продаваат на меѓународниот нарко - пазар.