МВР билтен

Гевгеличанец уапсен оти превезувал Турци со фалсификувани исправи

Полицијата уапси 68-годишен жител на село Богородица и две лица кои ги превезувал, а биле со фалсифиувани документи. 

Во текот на вчерашниот ден во 01.00 часот на автопатот А1 - клучка Миравци, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.С.(68) од село Богородица, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со гевгелиски регистарски ознаки, во кое ги превезувал Е.К.(35) и А.И.(25), двајцата од Р.Турција, кај кои, при контрола, било констатирано дека имаат фалсификувани влезни и излезни печати, со што сториле кривично дело „фалсификување исправа“.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе