Фирма за одгледување на канабис во Кравари фатена во злоупотреба

„Полицијата од Битола вчера изврши претрес и контрола на правно лице за одгледување канабис во село Кравари, при што констатирале дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија и сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени сув цвет од канабис, за којшто немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба“, информира Министерството за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба“, се вели во соопштението.

Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата, од МВР велат дека е констатирано оти правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно Закон.

Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба.

Од МВР додаваат дека е известен и јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица, како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе