„На 23 јануари во 01.00 часот, во близина на клучката кај селото Прдејци, на место викано Борови, полициски службеници запреле патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (25) од Скопје, а совозач бил А.И. (33) од Скопје. При пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М. (16), M.A. (16), A.Х. (16), Р.М. (15), Х.И. (14), сите од Сомалија и A.K.A. (17) од Сирија“, соопшти МВР.
Лицата С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите, стои во соопштението од МВР, ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.