Во Битола

Фатени крадците на чанта со пари на државјанин на БиХ

Денеска битолската полиција ги пронајде и уапси двете лица кои синоќа на државјанин од БиХ од неговиот автомобил украле чанта со пари и со платежни картички.

МВР информира дека се лишени од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34) кои на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, синоќа околу 21.30 часот од неговото возило му одзеке чанта со пари, документи и банкарски картички. Од картичките во неколку наврати биле повлечени пари во износ од 30.000 денари.

Украдените предмети се пронајдени и вратени, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе