Фатен бегалец осуден на затвор од 10 години и 5 месеци

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 08:10 часот на ул.„Јадранска магистрала" во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Т.И.Д.(35). Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Како што е наведено во соопштението од МВР, Т.И.Д. бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе