Фатен 20-годишник осомничен за шест кривични дела

На подрачјето на Центар-Скопје, вчера во 19.00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И. (20) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „кражба" по член 235 од Кривичниот законик. 

Од МВР денеска информираа дека кај него биле пронајдени предмети и лични документи кои потекнуваат од кривични дела.

„По извршена дополнителна проверка било констатирано дека пријавениот се бара по неколку потерници поради постоење основано сомнение за сторени шест кривични дела во периодот од 06.05.2022 до 27.09.2022 на подрачјето на СВР Скопје, од кои три кривични дела „тешка кражба" казниви по член 236 од Кривичниот законик и три кривични дека „кражба" казниви по член 235 од Кривичниот законик“, појаснуваат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе