Фалсификувани пари и дрога пронашла полицијата од Охрид кај малолетник од Елшани

МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкик биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.

При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една кеса со марихуана, стои во информацијата на МВР.

Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе