Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец С.Д.Г., излетало од коловозот.
Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г. (28) од Скопје, на која ѝ е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на загинатиот е дадено на обдукција.