Еден загинат и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Делчево-Македонска Каменица при директен судир на две возила.

Како што објави МИА, во несреќата тешко биле повредени двајцата возачи, а според изјави од Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.

Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе