СВР Тетово

Двојно зголемена сообраќајната недисциплина во тетовскиот крај во декември во споредба со крајот на 2020 година

Во декември 2021 тетовската полиција бележи 2002 сообраќајни прекршоци што е за 797 повеќе од истиот месец во 2020 година на тетовското подрачје. Прекршоците се откриени во триесетина акциски и редовни контроли.

„Во контролните активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 93 возила, од кои 62 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 31 поради утврдена техничка неисправност. Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 311 возачи или речиси двојно повеќе од ланскиот декември, од кои 162 управувале без возачка дозвола, 78 под дејство на алкохол, 53 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, пет со несоодветна категорија и 13 со важечка забрана за управување“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени девет возила, 148 возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба" вкупно подигнала 333 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје и пред се во таканаречени „двојни редови", во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе