Рано утрово

Двојно убиство во Скопје

Три часа по полноќ се случи двојно убиство во скопската населба Топанско Поле, на булеварот „Македонско - косовска бригада“. Жртвите се убиени во автомобил. Полицијата врши увид на местото на убиството.

Според извори од МВР за телевизијата Алсат, убиени се лицата Африм Бериша (28) и Бурим Вардар (24).

Тие биле застрелани во автомобил марка Ситроен. 

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка).

Повеќе детали не биле откриени, ниту пак за можните мотиви.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе