Две сообраќајки кои завршиле со тешки повреди на мопедистите

Рано утрово во Скопје на улицата „Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (21) од село Љуботен и моторцикл „вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л. (25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

И во Прилеп вчера настрада мопедист. На улицата „Александар Македонски“ патничко возило „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(63) од Прилеп удрило во мопед „миглори“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (45) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе