Две осудени лица спроведени во затвор

Двајца штипјани на возраст од 30 и 27 години се приведени по судска наредба за издржување на казна затвор. Лицата се спроведени до Затвор-Струмица за издржување на затворските казни.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштението до медиумите наведува дека вчера во 3.30 часот на ул.„Пиринска" во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 30-годишниот Х.С. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор.

„Истиот ден во 15.55 часот на ул.„Балканска" во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 27-годишниот С.И. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе