Две момчиња повредени во сообраќајка

Две момчиња се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Скопје.

„Вчера во 13:20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул. „Цветан Димов", се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес", со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од Скопје и мопед „пијаџо", со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17 - годишен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза", каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе