Во 03.00 часот на ул.„Борис Кидрич" во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.М.(27) од Тетово.
„При преглед во возилото „Фолксваген Шаран“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин“, информираат од СВР Тетово.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.