Две девојки повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци

Две девојки биле повредени во сообраќајна несреќа синоќа, кај спортската сала „Јасмин" во Кавадарци, потврдија утрово за МИА од СВР Велес.

Сообраќајката се случила околу 18 часот. Се работело за патнички автомобил, управуван од 42 годишна кавадарчанка. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 24 годишна кавадарчанка, која била пренесена на скопските клиники. Две години помлада девојка од Кавадарци имала телесни повреди и била задржана на лекување во кавадаречката Општа болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на полициски службеници од Кавадарци.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци, рече за МИА дека според првите медицински согледувања, едната од девојките имала скршеници, а другата повреди на главата.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе