Надлежните ветија помош

Две деца изгореа во пожар во куќа во скопска Шутка

Дете од 3 години и дете од година и половина настрадаа во пожар во импровизирана куќа во Шуто Оризари.

Во пожар што попладнево се случил во населбата Шуто Оризари загинале две деца на возраст од три години и година и половина, брат и сестра.

Според информациите од Противпожарната единица, децата биле во куќата во моментот кога плафонот од собите паднал и се урнал врз нив.

Од Противпожарната единица информираат дека пожарот бил пријавен околу 13:25 часот на улицата „Брсјачка буна“, а нтервенирале околу 15 пожарникари со неколку возила.

Според неофицијални информации во ќуката која била импровизирана и на тешко пристапен терен имало уште две деца кои навремено биле извлечени од соседите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски заедно со претставници на институциите веднаш по пожарот се упати на самото место на настанот и  изрази длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи.

„Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани", рече Спасовски.

И министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожарената куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот.

Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед“, посочува  Мизрахи.

 

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе