Двајца повредени во сообраќајка во струшко

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Велешта - с.Добовјани, информира МВР.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „голф 5“, управувано од А.О.(28) од Струга и патничко возило „голф 4“, управувано од А.И.(20) од с.Горно Татеши, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.О. и малолетен сопатник од возилото „голф 4“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо" во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе