Две лица од Струга биле потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат помеѓу с.Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков“, патничко возило „ландровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот.
Фото: Пиксабеј
Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.
Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.