Двајца малолетници украле три тротинети и клучеви од автомобили

По една извршена кражба полицијата успеала да фати двајца малолетници кои украле три екетрични тротинети, а во џебовите имале и украдени клучеви од автомобили.

„Вчера во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Карпош и Единицата за интервентна полиција Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие биле фатени по извршени кривични дела „тешка кражба", при што кај нив биле пронајдени и одземени три електрични тротинети и клучеви од две моторни возила.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе