По неколку месеци стасаа кривични пријави од Крушево

Дваесет скопјани се веселеле во една хотелска соба, потоа се бањале во базен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против 20 лица од Скопје за кршење на здравствените протоколи во хотел во овој туристички град.

Кривични пријави се поднесени против 20 лица на возраст од 19 до 43 години, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, на 19 септември пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен, пишува во билтенот на МВР.

На 15 декември, пак, полицијата извршила контрола во угостителски објект во селото Дебрешти и констатирала дека објектот работи и по дозволеното работно време. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(27) од с. Дебреше поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во СВР Скопје вчера биле лишени од слобода С.С.(52), С.И.(55) и И.И.(23), сите од Скопје, затоа што околу 13 часот на подрачјето на Центар, во угостителски објект, физички ја нападнале Н.Л.С.(40) од Скопје.

По документирањето на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе