Дрвокрадец направил сообраќајка, па избегал оставајќи го автомобилот

Во планина над Другово полицијата најде напуштено возило полно со огревно дрво. Утврдено е дека сопственикот го оставил и избегал откако направил сообраќајна несреќа.

Фото: Илустрација

„Во планинскиот појас над кичевското село Другово, во близина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево пронајдоа патничко возило 'фолксваген' со кичевски регистарски ознаки. По преземени мерки било констатирано дека возилото претходно учествувало во сообраќајна незгода, на 7 јули во 7.30 часот, и дека возачот М.С.(63) од Охрид, го напуштил местото на незгодата, го оставил возилото и избегал.

Од извршениот преглед на возилото, констатирано е дека во него има околу 3 метри кубни огревно дрво, кои се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението на МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе