МВР

Дрога во кафулиња во Скопје, приведени 12 лица

При синоќешната акција на скопската полиција по контролата на неколку на угостителски објекти во Скопје приведе 12 лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од МВР.

Кај Н.В. (42), Г.Н. (20), С.Ј. (21), А.Ј. (35), Г.Т. (33) и Л.Р. (34) била пронајдена прашкаста материја, а кај Д.М. (23), Ј.Ѓ. (21), Л.Ј. (18), Б.Б. (26), Х.И. (20) и Д.М. (39) била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе