Дрога најдена во подрумски простории, истрага против две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредби за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што информираат од Обвинителството кај првиот осомничен, на 21 јуни била откриена наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 347,09 грама, која била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за неовластена продажба.

Дрогата ја чувал во домот и над цевки во близина на подземната гаража во зградата во која престојувал на улицата „Никола Русински" во Скопје.

На 25 јуни, пак, при претрес во зградата во која престојувал вториот осомничен, на улицата „Методија Шаторов Шарло", полициските службеници пронашле 904,2 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата осомничениот ја чувал скриена под церада на мотор паркиран во гаража во подрумските простории на зградата.

„За двајцата осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека постојат законски основи да се обезбеди нивното присуство во текот на постапката“, е наведено во соопштението.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе