Диви свињи предизвикале три сообраќајки на автопатот Тетово-Скопје

Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција регистрираше три сообраќајни незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни.

Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе.

„Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат на коловозот и да ја доведат во прашање безбедноста на сообраќајот. При тоа, кучињата скитници и годинава се најголемите предизвикувачи на ваков вид несреќи (48), а чиј вкупен број на тетовското подрачје досега изнесувал 58. Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и до ловечките друштва во рамките на нивните надлежности да преземат соодветни мерки околу дивечот, со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајци, мачки и една мечка. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе