Директорот на Општа болница Охрид незаконски му ја покачувал платата на секретарот

Кривична пријава против Г.Б.(53) од Охрид поднесе СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Во периодот од 01.11.2021 до 30.04.2022, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, со искористување на својата службена положба и овластување, со погрешно пресметување на платата по основ на друг коефициент, на секретарот на болницата му овозможил да земе повисока основна плата, при што на буџетот на болницата била нанесена штета од 100.357 денари.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе