Директор незаконски дозволил исплата на 60 плати за технолошки вишок

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква"-Струга, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

53-годишниот Б.Т. како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга.

Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да им се даде надомест од 60 идни плати на товар на јавното претпријатие и исплата на еднократен надоместок од по 8.000 денари по работник. По донесувањето на одлуката од страна на управниот одбор, Б.Т. потпишал поединечни договори со 23 работници за исплата на 60 плати, при што со ваквите дејства претпријатието е оштетено за 6.365.671 денари.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе