Десет лица приведени за дрога, меѓу нив и малолетно дете

Десет лица се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, од кои девет во Скопје и едно во Тетово, откако кај нив полицијата пронашла и одзела марихуана или бела прашкаста материја. За сите нив, од МВР најавија дека по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Меѓу приведените има и мелолетно дете.

На подрачјето на скопски Аеродром, вчера полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишиле од слобода две лица и тоа Д.М. (20) и А.П. (23), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21.30 часот синоќа на подрачјето на Центар, од слобода е лишен М.И. (25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На подрачјето на Карпош, пак, полицијата го лишила од слобода С.С. (27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Пет лица, од кои еден малолетник, се лишени од слобода на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Кај К.А.(19) и еден малолетник, двајцата од Скопје, полицијата пронашла и одзела марихуана. Лишени од слобода се и В.Џ.(22), А.С.(20), С.С.(35), сите од Скопје, и кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Во Тетово синоќа околу 21.45 часот на улица „109" полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец И.Б. затоа што и кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе