Во соопштението се вели дека јавен обвинител дал насоки и дека се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци поврзани со пријавениот случај.
Вчера МВР преку соопштение извести дека случајот го пријави 19-годишно машко лице од селото Цера кај Македонска Каменица и дека пријавеното дело е казниво според Кривичниот законик по чл.162 ст.ав.
„Според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1.000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија“, пишува во соопштението на МВР.