Во Кавадарци

Деца краделе по продавници, пред полицијата ги признале кражбите

Службеници од Полициската станица Кавадарци вчера лишиле од слобода двајца малолетници, осмничени дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг продажен објект, одзеле пари од касата. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба" во обид“, соопштија денеска од МВР.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе