ИЗРЕЧЕНА КАЗНА

Дадилката што малтретираше бебе доби година и два месеци затвор

Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече казна затвор од една година и два месеца против Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривично дело „Запуштање и малтретирање на дете“.

„Судењето беше затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице“, соопштуваат од Основен суд Скопје 1.

Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело. Обвинението се засноваше на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. 

Обвинетата Т.С., пак, негираше дека се чувствува виновна, а нејзиниот бранител побара преквалификација на делото. Адвокатот на дадилката сметаше дека притворот за Т.С. е одреден врз основа на доказ што е незаконски прибавен и побара судијата тој доказ да го издвои.

Инаку, се работи за случај за кој се појавија бројни реакции низ јавноста.

На 20 август таткото на 9 месечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С. како со рака по лицето го удира, но не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид.

Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената. Па, на 2 септември ја извадил видео снимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце, тегнење на ушите и други облици на грубо однесување.

Снимката потоа беше објавена низ социјалните мрежи и медиумите. 

Трамп, откажи се од спорот за името, докажи ја „љубовта кон Македонците" и обезбеди ги македонско-американските гласови на изборите.

повеќе

Тезата за наводен „внатрешноукраински“ карактер на конфликтот во Донбас е само обид за одвлекување на вниманието од она што навистина се случува таму.

повеќе

Елитите во Македонија имаат воспоставено исклучително високо ниво на самоодбрана од „упад" на граѓаните во процесот на одлучување.

повеќе